Констракта во Хрватска како Били Ајлиш: Прво критика, па голем број градници на сцена ФОТО

ИЗВОРНов Лист
|

Констракта пред две вечери одржаа двочасовен концерт во Загреб. Публиката со овации го поздрави најпопуларниот поп изведувач во регионот, а српската пејачка не ја пропушти можноста и во таа прилика да се осврне на актуелните општествени прашања.

Во нејзин стил Констракта на самиот почеток на концертот рече: „Внимавајте што правите вечерва, денес имаме помалку права од порано“, алудирајќи на неодамнешната одлука на Врховниот суд на САД.

По настапот во Загреб, каде пејачката и бендот ја изведоа песната „In Corpore Sano“ со која Констракта го освои петтото место на Евровизија, Ана Ѓуриќ се огласи на Инстаграм откривајќи дека за време на настапот добила голем број градници фрлени од публиката.сцена.

„Ги собирам градниците од сцената, како Били Ајлиш“, се пошегува Констракта.