Констракта открива како ја добила идејата за настапот – „Криво ми е што купив евтин сапун“

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката која во мај ќе ја претставува Србија во Торино ја маѓепса цела Европа со песната „In corpore sano“.

– Настапот го планирав заедно со моите пријатели и членовите на групата. Вежбавме во подрум, во мојот стан и во студио. Едвај чекам сите заедно да пиеме кафе во Торино – вели Констракта.

– Ја пишував со денови. Потоа ја исчистив од непотребни зборови, за да биде што поедноставно. Создадена е во период кога имав многу слободно време. Се сеќавам дека шетав по блоковите со моето куче секој ден за време на паузите за пишување.

Констракта додава дека жали што купила евтин сапун што го користела на Евровизија.

– Вложив само 40 динари и потоа ми ги уништи рацете, бидејќи три минути нон-стоп ги миев рацете за време на настапот – вели пејачката.


Евровизија се одржува од 10 до 14 мај во Торино.