Контролори се силеле во автобус на ЈСП: Твитерџија раскажува за настан кој утрово ги вознемирил патниците

ИЗВОРСкопје24
|

Се почести станаа случаите каде вработени во јавниот градски превоз недолично се однесуваат со патниците. Пред неколку недели имавме инцидент каде контролори нападнаа момче, а денеска сме сведоци на уште еден немил настан.

Настанот се случил утрово во автобусот со број 22 а еден твитерџија го раскажува во целост:

„Жена ми се врати испотресена, мораше да пие хелекс да се смири. Влегла у рендом 22 (приватен, 11:30 тргнал од железничка). Влегле 6 контролори сите им се силеле на патниците и шоферот, раскажува твитерџијата.

Еден од нив кон возачот упатил и закана. Сите патници во автобусот имале уредни билети, контролирите три пати направиле проверка и не утврдиле нерегуларност.

Ваквото однесување беше причина за голем број коментар на твитер. Дел од нив апелираат дека случајот треба да се пријави во полиција, а дел алудираат на тоа дека контролирите се насилни и имаат несоодеветно однесување.