|
Дали сте знаеле дека кората од портокал може да биде корисна за чистење на станот.
На социјалната мрежа Инстаграм кружи снимка која сигурно ќе ви биде од корист, а се работи за средство за чистење, чија главна состојка е кората од портокал.
Всушност, потребно е кората од портокал, мандарина или друг цитрус, да ја ставите во празна прскалка, додадете вода, оцет и по желба рузмарин.
Со комбинација на овие состојки ќе добиете повеќенаменски спреј кој може да го користите кога сакате.