Корисна табела: Како се движат цените во Грција ова лето?

ИЗВОРСкопје24
|

Како ќе поминете во Грција ако се одлучите за летување токму во оваа држава. Ако сакате да заштедите или едноставно ве интересира колку скапо или евтино ќе поминете 7-10 дена во сопствен аранжман, оваа табела ќе ви помогне:

Цена на намирници од маркет (во евра)

Леб – 0.7 до 1 Млеко (1литар) – 1.10 до 1.60 Јајца (6) – 1 до 1.20 Кечап – 3 до 4 Масло (1 литар) – 1,60 Маслиново масло – 5 до 10 Путер – 4 до 5 Јогурт – 2 до 4 Тестенини – 1 до 2 Тоалет хартија – 4 до 10 Брашно (1 килограм) – 0,6 Шеќер (1 килограм) – 1 Фета сирење (1 килограм) – 5 до 7 Кашкавал (200 грама) – 3 до 4 Салама (1 килограм) – 7 до 16 Домати (1 килограм) – 1,20 до 1,50 Краставица (парче) – 0,5 до 0,6 Компир (1 килограм) – 0,75 Кромид (1 килограм) – 0,75 до 0,80 Пиперки (1 килограм) – 2 до 2,10 Тиквици (1 килограм) – 0,8 до 0,9 Јаболка (1 килограм) – 2,40 Праски (1 килограм) – 1,80 Кајсии (1 килограм) – 3 до 4 Вишни – 3 до 4 Јагоди (пакување) – 1 Лубеница (1 килограм) – 0,8 Лимон (1 килограм) – 1 до 1,10 Мајонез – 3 до 4 Сенф – 1 до 2

Цени во ресторани и кафулиња (во евра)

Гиро сендвич – 2 до 2,50 Гиро порција – 5 до 7 Суфлаки сендвич – 1,80 до 2,30 Пица – 5 до 12 Скара – 5 до 14 Риба – 6 до 60 Салати – 2 до 5 Пиво – 2 до 4,50 Сокови – 2 до 4,50 Вино – 1,5 до 22 Кафе – 1,70 до 4 Коктели – 7 до 10 Жестоки пијалаци – 2 до 6

Цени за реквизити на плажа (во евра)

Лежалки – 2,50 до 4 Чадори за сонце – 5 до 12 Душеци за дување – 3 до 10

Цени за изнајмување на возила (во евра)

Велосипед – 6 Скутер – 20 до 40 Баги – 60 Автомобил – 30 до 50

За да не ве растовараат на граница, прочитајте што смеете да внесете во Грција, а што во Бугарија

Ако одите на одмор во Грција, треба да внимавате каква храна ќе понесете, бидејќи грчките цариници нема да ви прогледаат низ прсти ако најдат во возилото месо и млечни производи.

Може да си понесете до два килограми млеко во прав за бебиња, и друга бебешка храна и храна за посебни диети.

Дозволено е и 2 килограми храна за миленичиња.

Смеете да внесете до 5 килограми овошје и зеленчук, но само 40 цигари, односно две кутии.

И во Бугарија не можете да одите на патлиџан-туризам.

Во Бугарија смеете да понесете литар жесток алкохол, но со максимум 22 отсто алкохол, 4 литри вино или 16 пива. Можете да внесете 200 цигари, односно една штека.

Од храна, смеете да понесете два килограми храна за деца, 2 килограми риба, но воопшто месо и млеко и млечни производи.

Нема ограничувања за леб, чоколадо, слатки, маслинки, но затоа не претерувајте со компирите, зеленчукот и овошјето – дозволено е само 2 килограми.