Корисниците на Фејсбук конечно добиваат опција која одамна ја посакуваа

ИЗВОРСкопје24
|

Оваа можност беше најавена минатата година, а во главно како резултат на откритијата дека Facebook има избришано одредени пораки кои Марк Закерберг, но и други директори од компанијата, ги имаат испратено на трети лица.

Кога зборуваме за бришење во овој случај, мислиме за бришење на пораката и од страната која ја има добиено, не само кај испраќачот.

Почнувајќи од оваа недела, новата можност за бришење на пораките е достапна за сите корисници. Истата ќе ја добиете кога ќе излезе и ќе ви се надгради Messenger апликацијата на вашиот мобилен, а тоа ако веќе се нема направено, ќе биде во деновите што следат.

Бришењето на пораките може да се направи и во обични и во групни пораки. Се што треба да направи корисникот е да притисне подолго на пораката, како и досега, па наместо само бришењето за себе, сега е достапна и можноста бришење за сите.

Сепак, оваа функција нема да може да се користи доколку покасно се сетите на направената грешка. Можноста за бришење на пораката од сите примачи е ограничена на само 10 минути од нејзиното праќање, по што таа останува како и досега.