Дали некогаш сте се запрашале како настанале некои од вашите омилени грицки?
Ние го имаме одговорот – погледнете во продолжение!
Чипс
Американскиот готвач Џорџ Крум бил многу изнервиран кога таа 1853 година, еден клиент му ја вратил порцијата компири со жалба дека се премногу дебели и меки. Тогаш тој, за да му се одмазди, ги исечкал компирите максимално најтенко да не можат ни да се набоцкаат на вилушка, ги испржил и ги посолил. Но, за (не)среќа клиентот бил воодушевен од ваквиот рецепт, а оттогаш чипсот влегол во кулинарската историја.
Колачиња со чоколадни парчиња
Колачињата со парчиња чоколадо се прославиле кога сопственичка на еден ресторан во Масачусетс, Рут Грејвс Вејкфилд, додала цели парчиња чоколадо во тестото, мислејќи дека тие ќе се истопат при печење. Тие не се истопиле, но станале еден од омилените десерти.
Овошен сладолед на стапче
Кога 11-годишниот Френк Еперсон во 1905 година го оставил својот сок на терасата, не верувал дека ќе биде толку студено и дека тој ќе се смрзне. Потоа сфатил дека добил нов специјалитет и нов омилен десерт.
Корнет
Пред 1904 година, сладоледите се продавале во чашки, меѓутоа кога на еден саем во Сент Луис снемало чашки, продавачот на сладоледи го замолил својот колега кој продава пецива брзо да му пронајде решение. Тој му додал кори од пита, а подоцна се утврдило дека освен што станува збор за јадлива комбинација, таа е уште попрактична.