Косово повеќе не е дел од енергетскиот систем на Србија

ИЗВОРnovlist.mk
|

Косовските и албанските електродистрибутери КОСТТ и ОСТ потпишаа договор во Тирана за воспоставување заеднички енергетски систем кој ќе стави крај на децениската зависност на Косово од мрежата за електрична енергија во Србија. Договорот е потпишан со знаење на Европската мрежа на оператори на електропреносниот систем (ЕНТСО) и се очекува да стапи на сила во април 2020 година.

Извршниот директор на КОСТТ, Илир Шала, рече дека со потпишувањето на договорот „Косово ќе се оттргне од Електромрежа на Србија (ЕМС) и ќе стане дел од ОСТ”.

„Ова е историски договор за Косово и КОСТТ, затоа што досега, како КОСТТ, ние бевме дел од регулаторниот блок на ЕМС (Србија, Црна Гора и Северна Македонија). Со потпишувањето на договорот и негово спроведување во април 2020 година, ние дефинитивно ќе се одвоиме од српскиот регулаторен простор и стануваме дел од регулаторниот блок со Албанија“, рече Шала.

Србија и Косово потпишаа договор за управување со заедничката електромрежа во 2015 година, но договорот никогаш не стапи во сила.