Косовскиот хуманитарец Халил Кастрати продолжува со неговата хумана мисија и за време на светиот месец Рамазан.
Тој на својот фејсбук-профил најави изградба на 100 нови куќи.
– Ве известуваме дека започнува изградбата на 15 нови куќи. Ова се првите 15 куќи на третиот ден од Рамазан, а само овој месец ќе почнеме 100 нови куќи за 100 фамилии што имаат потреба од нив – напиша Кастрати на „Фејсбук“.
https://www.facebook.com/halil.kastrati/posts/3201515419873855
Освен куќите, хуманитарецот и организацијата што тој ја раководи, наречена „Балкански сираци“, по повод Рамазан, соопштија дека во нивната кујна секој ден до крајот на светиот месец ќе може да се хранат 310 лица.
Кастрати им се заблагодари на сите донатори што го овозможиле тоа.
https://www.facebook.com/halil.kastrati/posts/3198962223462508
Овој хуманитарец е познат по подарувањето домови на фамилии што живеат во тешки економски услови. Пред неколку месеци, по повод Денот на независноста на Албанија, 28 Ноември, подари 28 дома. Тој им помага на луѓе не само од Косово, туку и од земјите од регионот, вклучително и Македонија