Ковачевски: Пензионерите ќе добијат финансиска помош за справување со енергетската криза

|

Од нова година навака поскапе електричната и топлинскста енергија, горивата секоја недела рушат рекорди со покачувањето на цената, како и поголемиот број на продукти кои поскапеа и дупло на места. Граѓаните одвај сврзуваат крај со крај.

Поради тоа пензионерите ќе добијат финансиска помош за справување со енергетската криза, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

„Денеска можам да најавам дека во светло на енергетската криза и во светло на економската криза предизвикана од енергетската криза, дека веќе работиме исто така и на пакет помош, односно на финансиска помош за пензионерите којашто ќе ја определиме врз основа на анализи и којашто ќе им биде дадена на пензионерите за полесно справување со енергетската и економската криза“, истакна премиерот Ковачевски во изјава за медиумите.