Блокадата на почетокот на пристапните преговори на Македонија и Албанија со ЕУ се чувствува низ целиот регион како сериозен удар врз довербата кон Унијата – порача премиерот Ковачевски на Минхенската конференција.
„ПОРАДИ НЕОДОБРУВАЊЕТО НА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА, МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ГУБАТ ДРАГОЦЕНО ВРЕМЕ. НО, ПОГОЛЕМОТО ПРАШАЊЕ Е ШТО ГУБИ ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ. КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА ЕУ Е СТАВЕН ПОД ЗНАК ПРАШАЊЕ. ОВАА СИТУАЦИЈА ГО ОХРАБРУВА И ЗАЈАКНУВА ИНТЕРЕСОТ НА ТРЕТИ СТРАНИ ВО РЕГИОНОТ. ДОКОЛКУ ЕУ ПОКАЖЕ ОТСУСТВО ИЛИ СЛАБОСТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, ТОГАШ ТРЕТИТЕ СТРАНИ ЌЕ ИМААТ ПОВЕЌЕ МОЖНОСТИ ДА ЈА ПОПОЛНАТ ТАА ПРАЗНИНА КОЈА Е ИСКЛУЧИТЕЛНО ВАЖНА НА ГЕОСТРАТЕШКИ ПЛАН“, ИСТАКНУВА ПРЕМИЕРОТ.
Затоа, додава тој, ЕУ мора да најде формула како да го одржи зборот и да продолжи со проширувањето на Западен Балкан.