Ковачевски: Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата

ИЗВОРНов Лист
|

Новиот премиер на Македонија Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил објави дека покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето. Како што вели тој се очекува уште утре да има решение за покачување на минималната плата. Ковачевски додава дека ефикасно ќе се решаваат сите прашања во  интерес на граѓаните и ќе се исполнуваат ветувањата.

Целосното соопштение можете да го прочитате подолу.

„Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето. Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата.
Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес  на граѓаните и ќе ги исполнуваме ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните.“