Премиерот Димитар Ковачевски, по повод почетокот на скрининг процесот за членство на Северна Македонија во Европската Унија објави соопштение на Фејсбук.
„Отворени се преговорите со Европската Унија! После 17 години чекање, денеска во Брисел се отвори скрининг процесот за Северна Македонија за членство во ЕУ.
Започнуваме процес во кој ќе се продлабочат суштинските реформи за имплементација на европските регулативи, за европеизација на општеството и за европско функционирање на државата.
Денешниот ден е навистина голем и важен за иднината на сите граѓани во нашата земја, тие заслужуваат да живеат во стабилно, демократско и европско општество“ стои во Фејсбук објавата на Димитар Ковачевски.