Крадци низ улиците: На 58 годишник му ги земале парите и побегнале

|

Вчера во 19.15 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода малолетник од Тетово, а во 22.40 часот го лишиле од слобода и Б.А.(18) од тетовско Селце.

Двајцата се сомничат дека околу 18.30 часот на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар на 58-годишен гостиварец му одзеле пари и побегнале.

По преземени мерки, малолетникот набрзо бил фатен, а подоцна и Б.А.. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.