Крадел велосипеди во Аеродром: Момче уапсено во Кисела Вода

|

На 29.10.2023 во Скопје полициски службеници од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Л.Д.(19) од Скопје.

Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека на подрачје на општина Аеродром на 02.10. и 25.10.2023 одзел велосипеди.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.