КРАЈ НА СУШАТА! НАВРНА ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО НА ДОЖД – СЛЕДУВА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО!

ИЗВОРНов Лист
|

Нашата територија во изминатите часови се наоѓаше под влијание на ГОЛЕМ ВЛАЖЕН воздушен бран од запад. Речиси насекаде имаше врнежи од дожд, а локално беше и нестабилно со пороен дожд, силен ветер и со појава на електрични празнења.

Во текот на изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Куманово , и тоа 52 л/м2, потоа 47 литри на Попова Шапка, 42 литри во Тетово, 34 литри на Скопје – Пертровец, 32 литри на Скопје Зајчев Рид, 22 литри во Охрид и на другите места имаше помало количество на воден талог.

Времето до крајот на денов и вечерва постепено ќе се стабилизира, па така од утре па во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво со многу повеќе сончеви периоди. Исклучок ќе биде вторник, кога ќе има услови за попладневна и вечерна локална нестабилност. Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на постепен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.