Крај по 10 години љубов: Се разведуваат Ерос Рамацоти и 26 години помладата манекенка

ИЗВОРСкопје24
|

Ерос и убавата Марика почнале да се забавуваат во 2009-та година, а се венчале во 2014-та и имаат две деца.

56-годишниот Ерос Рамацоти и неговата сопруга, 26-годишни помладата манекенка Марика Пелегрини, ставиле точка на 10-годишната љубов и петгодишниот брак.

Во официјалното соопштение ја потврдиле веста за разводот, што ги разочарало фановите на славниот италијански пејач.

“Тоа беа прекрасни 10 години, заедно изградивме прекрасно семејство и бевме бескрајно среќни. Смирени сме во заедничкиот избор, нашиот однос останува пријателски и љубовта која ја делевме и натаму е тука. Имаме голема почит еден за друг и ја молиме јавноста да ја почитува нашата приватност и приватноста на нашите деца во овој стресен период за целото семејство”, било наведено во заедничкото соопштение, пренесува италијанскиот портал “Ansa”.

Ерос и Марика почнале да се забавуваат во 2009-та година, а се венчале пет години подоцна, во 2014-та. Од заедничкиот живот имаат две деца, 8-годишната Рафаела Марија и 4-годишниот Габрио Тулио.

Ерос неодамна ја претставил песната “Siamo”, четвртиот сингл од актуелниот албум “Vita ce n’e” за која е посебно емотивно врзан, бидејќи е посветена на неговата сопруга.