Откако го освои фудбал свет, Кристијано Роналдо по се изгледа започнува и да го освојува моднииот свет со својата нова модна линија, за чија промоција тој самиот дури и позира.
Од она што можеме да го видиме е дека во оваа модна линија, можат да се најдат елеганти парчиња облека, но исто така и кежуал и спортски варијанти кои секој маж би можел да ги носи и притоа да се чувствува многу моќно во своја кожа.
За промоцијата на оваа негова линија, Роналдо се испроба и како модел и тоа многу успешно, па веројатно и на ова поле тој ќе доживее голем успех.
Не е прв пат некој фудбалер да влезе во светот на модата, но ова е негово прво вакво искуство, па ќе видиме какви ќе бидат реакциите на јавноста и потрошувачите.