Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо, заедно со семејството летово реши да ужива во Грција, во местото Коста Наварино. Шпанските медиуми се обидоа да ја пронајдат локацијата каде е сместен Португалецот.
Се работи за вилата „Метхони“ која има 630 метри квадратни, а дневното изнајмување чини 8.000 евра. Што значи престојот на фудбалерот во Грција само за сместување ќе го чини фантастични 56.000 евра.
Вчера попладне Роналдо на Инстаграм објави фотографија која за неколку часа собра 5 милиони лајкови.
Погледнете како изгледа вилата во која одмора Роналдо: