Кристина Арнаудова не се препозна самата себе си: „Зарем ова сум јас…“

|

Кристина Арнаудова се изненади самата себе си од една стара фотографија која ја споели една нејзина пријателка на социјалните мрежи, па пејачката ја превзема . На неа неготинчанката со скопска адреса на живеење изгледа помладо, со поинаква фризура и многу послаба отколку што е денес. Рака на срце, не дека денес е дебела или стара, ама сепак…

На фотографијата таа е сликана некаде на плажа, заедно со тогашното момче, сега нејзиниот сопруг Александар, кој горе-долу изгледа исто како и денес.

А Кристина, целата вчудовидена и во прашалници, како да не можеше да се препозна ниту самата себе си, па зачудено се запраша или поточно, (си) постави три прашања:

1.Како е можно да сум волку слаба?!
2. Какви се овие купаќи ( костим за капење)?!
3. Каде ми се гради*те?!

На првото одговорот е логичен: „Се’ оди со годините“… Што се однесува до „купаќите“… Или таква била тогаш модата или… Впрочем, за вкусовите не се расправа. А, одговорот на она последното е вистинска мистерија. Загатка што тешко дека некој може да ја одгатне, а еве и зошто.

Штом ја видите фотографијата на која во пределот на градниот кош Арнаудова тогаш изгледа „рамна како даска“, прво што ќе помислите дека во меѓувреме ставила силикони! Не дека денес е цицлеста како некоја српска старлета, како Доли Партон или Памела Андерсон, ама сепак, далеку „понапредна“ отколку тогаш!

Арно ама за да биде загатката уште помистична, придонесе Фејсбук преписката помеѓу пејачката и колешката од музичкиот еснаф, новинарката Бранка Костиќ Марковиќ, која и ја „ископала“ фотографијата од заборав, па ја сподели со Арнаудова и јавноста.

Во преписката Кристина ја исклучува можноста од естатски зафат и категорички демантира дека ставила силикони, зашто како што самата вели, каков „уплав“ има од било какви операции.

Вистина.мк