Македонката Кристина Димитриевска се истакна меѓу убавиците на „Miss Globe 2019“ и ја освои титулата „Мис фотогеничност“.
23-годишната македонска манекенка во блескав црн фустан го прими признанието на свеченоста кое синоќа се одража во Улцињ, Црна Гора.
Нашата убавица носеше долг црвен фустан со златни везови во сегментот кога мисиците дефилираа во национални костими.
Кристина и Даниел објавија дека се разведуваат во мај оваа година. Тие заедно имаат едно дете.
Во 2014 година, Кристина победи на изборот за „Новогодишна убавица на Балканот“.
Инаку, Кристина решена да заплови во музичките води и да му стане конкуренција на поранешниот.
Во тригодишниот брак со Даниел веројатно поднаучи нешто за естрадата, па така мотивирана реши да ја сними својата прва песна која е насловена „Сакам пак“.
Иако додека беше во брак, Кристина апсолутно се огради од социјалните мрежи и беше понастрана од очите на јавноста, сега во турбо ритам ги покажува своите амбиции.
Отвори нов профил на Инстаграм, продолжи со манекенството, стана и фитнес инструкторка, а сега ја чека и пејачка кариера.
Таа на својот профил на споменатата социјална мрежа е и повеќе од активна, а во најновите објави сподели неколку фотографии од снимањето на песната во студио, како и сцени од спотот кој треба да излезе наскоро.
Облечена во провокативна тоалета со висок шлиц и без гаќички, Кристина уште на старт најави дека ќе „удри“ на сек*апил.
Знаеме дека е атрактивна и ќе плени со стас, но како ќе се покаже со глас, останува да видиме.