КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ СО ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ НА НОВИТЕ ПОЛИСИ

|

Имајќи го во предвид Одлуките на Претседателот на Државата, Владата на РСМ, но и компаниски превземените мерки и чекори за справување со состојбата а со цел помош и поддршка на клиентите во овие вонредни моменти, Кроациа Осигурување Ве информира дека во периодот од 20.03.2020 до 19.04.2020 воведува нова поволност за нашите клинети: „Не го одложувај осигурувањето, ние за Вас го одложивме плаќањето“.
Компанијата донесе Одлука со цел воведување на олеснителни услови за клиентите, за секоја нова полиса склучена во наведениот период плаќањето ќе биде одложено до 01ви Јуни 2020 година.
Мерката е донесена со цел заштита на здравјето на клиентите и нашите вработени, како и обезбедување на бенефит за клиентите да бидат обезбедени со осигурување и во овие моменти.

Сигурноста и здравјето на сите наши клиенти и вработени е на прво место.

#ОСТАНИДОМА

Со почит,

Кроациа Осигурување

“Затоа што 130 години со почит го осигуруваме она што Вие го создавате”