„Кроација Осигурување АД Скопје“ објавува оглас за работни позиции низ повеќе градови во Македонија

|

“Кроација Осигурување АД Скопје, докажан бренд на пазарот на осигурување во Македонија, со отворен оглас за пополнување на работни позиции низ повеќе градови во Македонија”

Во период кога светската популација се соочува со најголемиот предизвик како да се избори со ситуацијата која никој нe може да ја предвиди, Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје, одлучи да преземе стратешки чекори на зајакнување и развој на својот кадар. Брендот, кој на регионалниот осигурителен пазар успешно опстојува повеќе од 135 години и со гордост го осигурува она што нашите предци го создавале, со овој чекор докажува дека грижата за кадарот и неговиот развој е приоритет во деловната стратегија, па дури и во неизвесни ситуации пред кои сме соочени како општество. Клучна деловна одлука во оваа ситуација е не само да ги сочуваме работните места на сите вработени кои неуморно создаваат повисока вредност на Компанијата, туку и да го зголемиме тимот.

Придружете се на Тимот со апликација на еден од отворените огласи за работни позиции:

– Менаџер за корпоративни клиенти за регион Скопје (2 отворени позиции)

– Советник за осигурување (8 отворени позиции):

Скопје – 4 отворени позиции Охрид – 1 отворена позиција Струмица– 1 отворена позиција Кавадарци– 1 отворена позиција Радовиш– 1 отворена позиција Вашите апликации испратете ги најдоцна до 24.04.2020., на електронската адреса: hr@crosig.mk