Крофни по рецептот на баба: Нека замириса цела куќа

ИЗВОРНов Лист
|

Тазе пржени крофни, премачкани со сочен мармалад или крем… Сладок залак на кој ниту една генерација не му одолеала.

А, за да ве вратиме во детството и мирисот на крофните подготвени од вештите раце на баба, ви го нудиме следниот рецепт.

Потребно ви е:

2 јајца, 1 коцка квасец, 1 чаша јогурт, 1 kg брашно, 300-350ml вода, Половина лажичка сол, 5 лажици шеќер, 200g шеќер во прав, 100ml масло, Крем или мармалад, по желба.

Подготовка:

Во топла вода растопете го квасецот и додајте го јогуртот. Солта, шеќерот, брашното, маслото и јајцата додавајте ги постепено. Замесете тесто и оставете го да одстои 10 минути.

Потоа развлечете го и исечете кругови со големина по желба. Оставете ги да постојат 10тина минути, а потоа пржете ги во врело масло.

Готовите крофни, додека се топли, проросете ги со шеќер во прав и наполнете ги или премачкајте ги со крем или мармалад.

На здравје!