Доколку секогаш сакате да испробувате нешто ново кога е храната во прашање, веројатно овој рецепт е за вас. Крокети од ориз подготвени на италијански начин се нешто посебно и поразлично од секојдневната храна која ја правите, па секој којшто ќе ги проба веднаш ќе ви побара рецепт!
СОСТОЈКИ: 150 гр ориз, 5 дл вода, 2 лажички суви зачини, 80 гр пармезан, 2 лажици магдонос, 1 јајце, 80 гр овесни снегулки, 5 лажици презла и масло за готвење.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во врела вода ставете суви зачини и ориз, гответе на ниска температура 15 минути. Тргнете од рингла и оставете да се излади. Измешајте пармезан, магдонос, јајце и снегулки, па сè добро измешајте да добиете смеса за обликување.
Со влажни раце направете топчиња со саканата големина, извалкајте ги во презла и испржете во длабоко масло да добијат златно жолта нијанса. Извадете ги на кујнска хартија да се исцедат од масло. Сервирајте ги топли со доматен сос. Добар апетит!