|
Крушевчани задолжително да ја превриваат водата од градскиот водовод, или, воопшто да не ја употребуваат за пиење, апелираат од крушевското јавно претпријатие „Комуна“. Ова да се почитува до утревечер до кога ќе се санира ситуацијата.
Како што објаснуваат од претпријатието, истекувањето на нечиста вода е предизвикано поради неисправен вентил при миењето на резервоарите.
Се работи на санација и поради тоа има краток прекин на водоснабдувањето за жителите кои живеат на осум улици: „Томе Никле“, „Тодор Проески“, „Никола Карев“, „Ќиро Фетак“, „Коча Миленку“, „Манчу Матак“, „Партизанска“ и на улицата „Питу Гули“.
Јавното претпријатие на крушевчани им се извинува за непријатностите и апелира на почитување на препораките.