Крвта не е вода: Кристијан се повеќе личи на својот вујко Тоше Проески (ФОТО)

|

Поминаа речиси 15 години од заминувањето на легендата Тоше Проески, но целиот Балкан се уште тагува и не може да поверува дека го нема.

Тој зад себе ги остави, Никола и Кристијан, двете внуци од својата сестра Дора, кои тогаш беа малечки деца и веројатно не можеа да ја сфатат загубата на својот вујко. Сепак, денес и двајцата се веќе возрасни момчиња и според фотографиите кои ги споделуваат на социјалните мрежи се повеќе личат на својот славен вујко.

Кристијан Ристески, поголемиот син на Дора, пред некое време сподели фотографија направена во родното Крушево на која позира облечен во бели тренерки, многу слични на оние кои Тоше обожаваше да ги носи, па фановите веднаш ја приметија сличноста помеѓу нив двајца.

Покрај убавиот изглед, Кристијан од својот вујко го наследи и телентот, па како што беше најавено пред околу година дена, тој веќе снима нова песна. Уште додека беше жив Тоше, тој сакаше на светот да му покаже дека и неговиот внук Кристијан е талентиран за музика, па со него ја сними песната „My little one“, која за жал беше објавена на неговиот постхумен албум на англиски јазик, со кој требаше да се прослави низ светот.

За потсетување, исто така на последнот постхумно објавен албум на Тоше Проески, со песни снимени на англиски јазик, се појави и песната „We are blood“ која Кристијан ја сними за својот вујко.

(Н.Ј.)