Тие се славни и едни од најзгодните момци на естрадата кај нас. Посакувани од стотици девојки, а сега момците од дуото од „Некст тајм“, Мартин и Стефан, како и нивниот постар брат Филип имаа убав повод за славење.
Имено, причината поради која славеа и се радуваа беше 60-тиот роденден на нивната мајка Сузана, па по тој повод ги израдуваа фановите и покажаа дека всушност навистина крвта не е вода.
Но кој би рекол дека оваа модерна дама со младешки изглед е токму мајката на Мартин, Стефан и Филип. Таа изгледа многу модерно, згодно и дамски за нејзините години. Дефинитивно, за неа важи правилото: годините се само бројка.
Мартин на својот „Инстаграм“ профил со гордост објави фотографија на која позира со нивната мајка Сузана и браќата Стефан и Филип, а во описот на истата напиша:
„Среќен 60-ти роденден мајко, вистинска инспирација“.
Под објавата се нижеа честитки и убави желби за роденденот, но и пофалби за изгледот на Сузана.
Извор: Вистина.мк