Еден турист снимил неверојатна сцена за време на своето патување низ Мексико. Кучето-помошник Лео е истренирано и научено да му помага на својот неподвижен сопственик Овен.
Овен му кажал на туристот дека Лео е трениран од страна на неговиот вујко и дека тој без него да си го замисли животот. Лицата со разни инвалидитети и потешкотии живеат многу полесно со помош на кучињата за тераписки цели бидејќи тие им пружаат помош со стекнување на одредени вештини.
Тренираните кучиња им помагаат на луѓето кои се неподвижни и во инвалидски колички и наместо нив го вклучуваат или исклучуваат светлото, им носат работи и ги отвораат или затвораат вратите.
Во светот е сè почеста и популарната обука за кучињата кои можат да бидат кучиња-асистенти (како што е кучето во видеото), кучиња-водичи, кучиња за медицинска детекција и кучиња за терапија чие присуство позитивно влијае на расположението, здравјето и основните животни функции. Овие последните се наменети за групите деца или луѓе кои се сместени во разни институции бидејќи внесуваат ведрина во нивното секојдневие.
Карактерот на кучињата е исто така од големо значење – тие не смеат да бидат презаштитнички настроени бидејќи во опасни ситуации би можеле да го загрозат животот на своите сопственици.