Куче стои пред болницата во Прилеп и го чека својот сопственик кој имал мозочен удар – ФОТО

|

Верно куче чиј сопственик имал мозочен удар два дена стои пред болницата во Прилеп и чека.

Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека кучето трчало по возилото на Брза Помош кое пред два дена во болница го донело неговиот сопственик кој имал мозочен удар. Од тогаш, тоа не се помрднува од пред вратата.

На социјалните мрежи се шири апел да му се помогне на кучето со вода и храна и ако може некој да го причува додека неговиот сопственик не биде подобар за да може сам да се грижи за него.

На социјалната мрежа Фејсбук стои:

UPDATE: кучето е на сигурно ❤️
Многу медиуми се загрижија и секоја почит за нив.
Многу почит за здружението за заштита животни од Скопје кое понуди брзо и конкретно решение.
Многу почит за луѓето кои се понудија да покријат финансиски трошоци, луѓето кои се понудија со храна и било каква друга помош.
На крај а не помалку битно, голема благодарност за докторката која алертираше со многу емпатија, емоција и љубов.
Браво 🙏🍀
Пс. Кучево е позитива на денот, пример за чиста љубов и лојалност, а сите Вие пример како треба и дека ќе одиме напред како заедница по осветлен пат.

Кучево е пред болница Прилеп.
Трчало по возило на итна помош во кое се превезувал газдата со мозочен удар.
Два дена го чека пред болница сопствениоот и не јаде.
Која е оваа љубов луѓе…..
Ги молам сите активисти кои ги имам во пријатели, да не ги тагирам, ако имаат линкови во Прилеп да му се помогне некако со пансион или храна, бидејќи е мавано со камења за да се тргне од ,,Луѓе”.
Ќе помогнам 🍀 See less