Кучето кое беше на работ од животот е спасено од улица и изгледа непрепознатливо

ИЗВОРСкопје24
|

„Плачев бидејќи не можев да поверувам дека никој не може да ми помогне“ се зборовите со кои Пиа ја започна својата приказна за кучето Херкулес, кое преживеало нешто невозможно.

Беше 23 декември кога Пиа ја посети својата пријателка која и раскажа за загрозеното улично животно.
Пиа одлучила да го побара кучето и да го спаси. Го пронашла покрај една куќа.


Кучето беше мошне болно. Без сјај во своите очи изгледаше безнадежно . Пиа го смести во кафез и го понесе о себе. Знаејќи дека шансите за да преживее се минимални.


Веднаш го одела на ветеринар кој исто така бил многу скептичен. Не верувајќи дека кучето ќе преживее. Пиа одлучила да ги одложи сите свои обврски за да му се посвети во целост на кученцето. Тие неколку дена речиси и да не јадело. Со само мало вода дополнително изгубило на тежина.


Од моментот кога го спасила и го довела во својот дом Пиа приметила колку кучето се бори за својот живот, што неа и давало дополнителна мотивација. Поради борбеноста го нарекла Херкулес.


Поради неухранетост и неразвиени мускули, кучето не можело да стои ниту пак да оди. Еден ден Херкулес и приредил изненадување на сопственичката, самиот застанал на нозе почнал да оди а таа плачела од среќа. Набрзо несреќните чекори се претворија во весела игра, а Херкулес се чувстуваше се подобро и подобро.
Започна да му растат и нови влакна кој речиси во целост ги имаше изгубено.


Два месеци после спасувањето, Херкулес изгледа како потполно друго куче.


Кога дојде време да најде свој дом засекогаш, Пиа не можеше да се одвои од него и одлучи да го посвои.