Кујнски трик кој предизвика расправа на интернет: Цел живот погрешно ја користиме даската за сечење?

ИЗВОРСкопје24
|

Кујнската даска за сечење е сојузник во припремата на храна бидејќи го олеснува сечењето на месо, зеленчук и останатите намирници.

Но, на интернет кружи една објава која ги воодушеви сите љубители на готвењето. Трикот кој најпрвин се појавил на Јутјуб, а потоа го преплави и Твитер покажува дека цел живот погрешно ја користиме даската.

Имено, дупката која ја имаат повеќето даски за сечење служи за ставање на намирниците во садот без да направите неред во кујната.

“Погрешно ја користите даската за сечење. Дупката има своја цел”, стои во описот објавен на Твитер од страна на “Edmonton Journal”.

Под објавата започнале да коментираат и зачудените корисници.

“Не верувам”, “Што?! Јас мислев дека дупката служи за закачување на даската”, “Како овој трик би ви заштедил време?”, “Па тогаш треба да има две дупки, едната ви е потребна за држење на даската”, се само дел од коментарите кои се појавиле под твитот.