Просторот околу скопското Кале и Музејот за современа уметност ќе биде парковско зеленило според новиот ДУП, а куќите околу калето и Музејот ќе се уриваат затоа што тоа подрачје е заштитено културно наследство. Граѓаните кои таму живеат со децении уште од земјотресот, ќе бидат обесштетени, најавија претставниците на Општина Центар кои пред граѓаните го презентираа ДУП-от. Реагираат на дивоградбите кои никуваат преку ноќ во заштитениот дел.
Додека вие планирате на хартија зеленило, околу Калето се гради дивограба токму во овој момент на само неколку чекори од нас, им посочија на урабанистите од Општина Центар дел од жителите кои дојдоа на презентацијата на новиот ДУП за Кале и Срц Кале, во Музејот за современа уметност.
Урбанистите од Општина Центар рекоа дека ги известиле колегите од инспекција и уверуваа дека ќе излезат на терен за да се справат со дивоградбите.
Граѓаните населени околу Калето по земјотресот прашуваа што ќе биде со нивните домови затоа што во новиот ДУП таму е нацртано зеленило и затоа што тие спаѓаат во заштитено подрчје.
Имотен лист имаат, но нивното прашање допрва ќе го решава централаната власт. Како можни решенија денеска беа споменати експропријација или пак размена на земјиште.
Но на местото на нивните домови планот предвидува зеленио затоа што подрачјето е заштитено
Подобро уредување на просторот околу Калето и Музејот за современа уметност побараа и од оваа институција чиј претставник потенцираше за огромното историско културно, но и туристичко знаечење, а за сега овој простор велат дека е темно сокаче.
Предупредуваат да не се дозволи урбанизцијата на Скопје да се продолжи и во овој дел од градот
Со новиот ДУП од Општина Центар најавија и голем паркинг под Калето и мост кон стадионот и Градски парк, со цел да се намали метежот во тој дел од градот.
Елена Ивановска Мукоска