|
На 08.09.2023 околу 16.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека во фабрика во Куманово со повреди од струен удар се здобил Д.Г.(44) од Куманово.
-Тој бил пренесен во Општата болница Куманово, каде лекар констатирал смрт. Увид на местото на настанот вршат Јавен обвинител, вешто лице и екипа од СВР Куманово, информира МВР.
По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.