Купил склад за 500 долари, а во него пронашол 7,5 милиони долари во кеш

ИЗВОРСкопје24
|

Водителот на популарното шоу “Storage Wars” открил дека продал склад за 500 долари, во кој се криеле 7,5 милиони долари во кеш.

Ден Дотсон и неговата сопруга Лаура раскажале дека им пришла непозната жена на една од аукциите минатата недела и им кажала за повеќемилионското откритие.

“Ми пријде и ми кажа дека нејзиниот сопруг работи со тип кој го купил складот за 500 долари, а внатре пронашол сеф”, изјавил Дотсон. Таа додала дека новиот сопственик на складот, кој не е идентификуван, го однел сефот кај бравар кој го отворил и внатре пронашол 7,5 милиони долари.

Работите се искомплицирале кога новиот сопственик бил контактиран од страна на адвокати, претставници на поранешните сопственици, кои му понудиле 600 илјади долари награда во замена за пронајдените пари. Новиот сопственик ја одбил понудата, но се спогодил на 1,2 милиони долари, додека останатите 6,3 ги вратил.

Рене Нежода, колега на Ден Дотсон и сопственик на продавницата “Thrift Store”” изјавил дека парите веројатно се поврзани со мафија или наркокартел.

“Доколку пронајдете толку пари, веројатно постои причина зошто тие не се во банка”, додал тој.