Купил стан на 35 години, без позајмици, кредити и наследство…

ИЗВОРСкопје24
|

„Кога ќе им кажам на луѓето, дека во 35-тата година од животот купив сопствен стан, со свои пари, без кредити, позајмици или наследство, не ми веруваат…“, вели Никола кој ја раскажува приказната за тоа како стигнал до сопствена недвижнина за која штедел целиот свој живот.

Луѓето раскажуваат дека со плата од 37 000 динари, што би било околу 330 евра, успеваат да заштедат за шопинг на секој 2 до 3 месеци. Тоа е сосема реално, да речеме пушач, троши месечно најмалку 50 евра на цигари, а тоа се 600 евра годишно. 600 евра и не се малку пари. Па ете, доколку не пушите, и штедите доследно, ќе успеете да соберете некој денар на страна.

Никола Станковиќ(38), ја раскажа за српски „Телеграф“ неговата приказна и патешествието до купувањето на неговата недвижнина на возраст од 35 години, без наследство, кредити, а со просечни примања, а таа вели вака:

-Да не лажам, но имав луда среќа, несреќните 90-ти години. Имав вујко, оженет со Гркинка кој живееше на Халкидики. Уште од средно училиште, секое лето заминував кај нив и работев. Во тоа време сеуште беа драхми во Грција, а јас работев за локалните Грци и Албанци за кои продавав крофни. Договорот, беше сличен на оној денешниот, 100 драхми по крофна, одат за мене, тоа е еквивалент на денешни 50 центи, а остатокот за газдата. Тие земаа огромни пари, некои работници, односно оние кои по цели денови се печеа на летното сонце успеваа да заработат и по 100 марки за еден ден. Јас бев млад и не можев да го издржам тоа темпо, покрај тоа сонцето беше неподносливо. Јас работев секое утро од 10, до 2 часот попладне, за тоа време би успеал да заработам денешни 40 евра. Некогаш продолжував и работев цел ден, па тогаш ќе заработев и многу повеќе пари. И така, најмалку два месеци, секој ден. Секое утро би отишол на плажите, би продавал до 2 попладне, би се вратил дома преморен и не би бил способен за ништо друго. Најдоследни работници беа Албанците, тие беа навистина неуморни. Доаѓаа и цели фамилии и работеа, не е ничудо што денес ја „држат“ пола Грција.

Од парите кои ќе ги заработев, кога ќе се вратев дома, си купував нешто, но ситно, остатокот го штедев. Бев средношколец, па бруцош на Филолошкиот факултет, ништо не ме спречуваше да работам. Моите родители немаа големи плати, просветни работници, живеевме тешко, но се договоривме парите кои ќе ги заработам да не се трошат, па така и беше. Парите, ги ставивме во банка. Каматите во тоа време беа огромни, не како денес, денес воопшто не се исплати да се штеди на сметка. Некаде по 2000-та година, можеше на 10 години штедење да се добие и по 1 000 евра на камата, што и не е баш малце. Каматите се движеа околу 7-8%. Денес тоа е невозможно.

Додека студирав работев, но за ситни пари, живеев со родителите, но сепак, невозможно беше нешто да се заштеди од таа плата. И така, на 35 годишна возраст, имав солидна цифра на сметката во банка. Недопрени од времето кога се „пржев“ по грчките плажи. Можев со парите да си купам многу убави работи, нова кола на пример. Но не, решив да се обидам да купам стан. Најдов стан по цена од 26 000 евра на периферијата на Белград. Вселив, со сите потребни услови.

На кого и да му кажам дека не сум подстанар, не ми верува, сите се прашуваат од каде ми стан на овие години. Ете од каде, крваво заработен на грчките плажи во најубавите години. Само така е возможно, раскажува Никола.