Купила автомобил од 24.500 евра со железни монети: Работниците три дена ги броеле парите

ИЗВОРСкопје24
|

Работниците во еден салон за автомобили во Кина останале без текст кога дошла некоја муштериjа и одлучила да купи „Фолксваген“ носејќи железни монети кои биле поделени во 66 кеси.

„Фолксфаген пасат“ бил изборот за оваа Кинеска, чинел околу 24.500 евра, а на работниците кои работеле во продажниот салон им биле потребни три дена за да ги избројат сите железни монети.

Во броењето на парите учествувале 17 работници и сето тоа траело 3 дена.

Кинеската е сопственичка на мал ресторан, а монетите ги собирала од своите муштерии.

Нивното собирање траело 10 години и заштедила доволно за нов автомобил.

Скопјанец си купи автомобил со кусурот кој го собирал 5 години

Сте виделе ли некогаш 2000 евра во денари? Во ситни пари или железни или монети. Од искуство знаете дека и петстотини денари во паричникот се претежок товар од кој гледате на секој начин да се ослободите.

Од таков претежок товар решил да се ослободи и скопјанец, па нашол генијален начин. Кусурот собиран пет години го вложил во автомобил и се почестил со ситроен С5.

–Почнав со собирање и си реков ќе си купам нешто поголемо… испадна кола. Собирав секој ден, од кусур. Секоја вечер ги празнев џебовите и ги ставав ситните пари настрана. И ете, по пет години се собраа 2000 евра, раскажа пред неколку години упорниот скопјанец.

Читателот кој ги испратил фотографиите е среќниот продавач.

–Пари си се пари, но што да правам со 65 килограми монети, од каде да почнам, низ смеа вели тој и почнува да брои:

440х50=22000 метални педесетденарки

5190 денари се во монети од еден денар и два денари

1500х5=7500 петденарки

2400х10=24.000 хартиени десетденарки

3500х10=35000 метални десетденарки

Вкупно 2000 евра.