Телото на тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ се уште е во Комеморативниот центар во Тузла, а до ден денес никој не поднел барање за негово подигање.
Оваа информација за Аваз ја потврди директорот на Комеморативниот центар во Тузла, Фарук Латифагиќ. Латифагиќ тврди дека неточната информација што ја објавија одредени медиуми е дека Сулејмановиќ е погребан некаде во близина на Грачаница.
“Тоа не е точно. Телото се уште е во ладилникот во Тузла. Никој не е дојден да го собере. Исто така, чекаме да видиме што ќе се случи и кој и кога ќе го закопа. Се друго е дезинформација”, изјави Латифагиќ.
Таткото: Срам ми е од него. Нема да го погребам
Да потсетиме, Фикрет Сулејмановиќ, таткото на тројниот убиец, изјави дека се срами од својот син кој пред шест дена уби три лица. Тој ја потврди информацијата дека семејството не сака да го преземе телото на Сулејмановиќ, кое веќе пет дена се наоѓа во Меморијалниот центар во Тузла