|
Пејачот Ламбе Алабаковски е ослободен од домашен притвор и ќе се брани од слобода, потврди неговиот адвокат Дарко Стефановски за „Фокус“.
Кривичниот совет на Основниот суд во Битола донел одлука како мерка на претпазливост на Алабаковски да му биде одземена патната исправа.
Алабаковски е осомничен за кривично дело – предизвикување општа опа сност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, за подметнување пожар во кој се запали вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Алабакоски во изминатите неколку години живееше во Соединетите Американски Држави, но пред неколку месеци се врати во Македонија со своето семејство. Во многу наврати изјави дека му недостасувала Македонија и ужива во се што е овде.