|
Пејачот заедно со сопругата Магдалена и синот Михаил живее во САД, а микрофонот го замени со работа како обезбедување на аеродром.
Ламбе ужива во семејните мигови и во љубовта со неговата сопруга и синот, надвор од обврските си посветуваат време и максимално уживаат. Меѓутоа, деновиве среќни вести пристигнаа во домот на пејачот, односно нивното семејство стана побагато за нов член.
Имено, Ламбе стана татко по вторпат. Тој и Магдалена станаа родители на уште еден син.
„Добредојде Димитриј. Во оваа светла седмица уште една радост од Бога ја споделуваме со вас. 23.04.2020“ напиша Ламбе на социјалните мрежи.