Ламбе го крштеваше помалото синче – ги покажа своите најсакани

|

Пејачот Ламбе Алабаковски откако се откажа од музиката и замина да живее во Америка каде се занимаваше со транспорт, ретко беше активен и на социјалните мрежи, па неговата приватност беше далеку од очите на јавноста.

Сега сите заедно се во Битола, па Ламбе заедно со сопругата Магалена решија на неколу дена пред вториот роденден на синчето Димитриј да му направат и крштевка.

Тато Ламбе го објави овој среќен семеен момент и во коментар цитираше дел од Библијата:

“Вие кои во Христа се крстивте во Христа се облековте”

(Гал. 3:27) Крштевка на помалиот син Димитриј.

Од фотографијата може да се види дека наследниците на пејачот потпораснале, Михаил веќе има седум години, додека Димитриј наскоро ќе наполни две.