Лавови – вистински владетели на хороскопот

ИЗВОРСкопје24
|

Лавовите се личности родени во периодот меѓу 23 јули до 22 август, тогаш кога сонцето е најсилно. Тие спаѓаат во групата на огнени знаци во хороскопот. Сосема разбирливо, нивни владетел е Сонцето.

Баш како што сите планети се вртат околу Сонцето, така и Лавовите сакаат да се центар на светот. Сакаат сите нешта да се вртат околу нив. И, успеваат во тоа.

Освен тоа што даваат се од себе да ги забавуваат луѓето околу нив и да го привлечат вниманието кон себе, така ако некој им значи, тие знаат да го направат истото за таа личност. Но, само ако имаат добро мислење за таа личност. Тие зрачат со својата енергија, лидерство и волја за живот и за разлика од некои други хороскопски знаци, Лавовите се целосно свесни за тоа.

Нивни карактеристики се креативноста, силата, страста,драматичноста, силната самодоверба и амбициозност, но и оптимизот. Ретко кога ќе видите тажен Лав. Со своите квалитети, тие лесно ги освојуваат луѓето околу себе, но и го добиваат тоа што го сакаат.

Од нивните негативни страни, ги одвојуваме тврдоглавоста, самоувереноста, егоцентричноста и неприлагодливоста кон другите.

Сепак, Лавовите се личности кои имаат многу пријатели и кои секогаш уживаат во вниманието кое им се дава. Тие се вистински владетели. Ако не им дадете внимание, тогаш се однесуваат како мали, разгалени деца. Доколку преовлада нивната темна страна, знаат да станат тешки, напорни, арогантни, себични и полни со себе.

Ќе ги препознаете на прв поглед. Доминираат во секое друштво, насмеани се и неретко имаат привлечен физички изглед кој ќе ве освои.

Во љубовта, се навистина огнени. Ја сметаат љубовта за многу значаен дел од својот живот и лесно можат да ја освојат секоја личност. Не се од оние личности кои кријат како се чувствуваат. Ако им се допаѓате, веднаш ќе го дознаете тоа. Како партнери се посветени, грижливи и не се склони кон неверства.

Во пријателствата, се вистински предадени пријатели кои се врзуваат само со посебни личности. Проблемот на Лавовите е тоа што ретко имаат вистински пријатели. Често се залажуваат дека површните пријатели се значаен дел од нивниот живот, а знаат и да паднат на харизмата на некоја личност, која потоа ќе им покаже дека не е вредна за нивното внимание.