Лажел дека не патувал во странство и заразил неколкумина

|

Заменик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска на прес-конференција рече дека утре ќе поднесе кривична пријава за Ф.К. кој на Табановце влегол во земјата на почетокот од март и иако требало да биде во самоизолација, но тој тоа не го сторил, со што го прекршил Кривичниот законик.

Тој во меѓувреме имал средби со најблиските, со својата пријателка, но и со вработените во фирмата.