„Лажен“ ајвар: Направете го вашиот омилен намаз за 30 минути

|

Месец септември сите Македонци ги потсеќа на омиленото македонско традиционално јадење – ајвар, бидејќи тој е белег на есента и нема семејство во Македонија кое не го прави. Го обожаваат сите, и стари и мкади, а особено кога е топол и тазе подготвен. Домаќинките знаат дека подготовката на ајварот до некаде е мачен процес, но крајниот производ е навистина вреден за трудот.

Сепак доколку немате време за долга подготовка, ви предлагаме да го направите овој брз намаз налик на ајвар.

Состојки: црвени пиперки, масло за јадење, лук, сол и други зачини по желба.

Подготовка: Пиперките за ајвар најчесто се печат на скара или во рерна, но најбрзата опција е да ги испечете пиперките во тава. Ако одлучите да ги испечете во тава, ќе ви треба капак.

Најважно е да ги испечете на средна температура за да не изгорат. Кога ќе се испечат подеднакво од сите страни, оставете ги на страна да се изладат.

Лупењето на пиперките и отстранувањето на семките е процес кој бара најмногу време. Откако ќе го завршите овој чекор, ставете ги пиперките во блендер и додадете растително масло и зачини по желба. Солта и лукот обично се главните зачини во овој рецепт, но можете да додадете и други зачини.

Смесата од блендерот ставете ја на оган и пржете 10-тина минути. Ќе добиете одличен намаз кој можете веднаш да го мачкате на топло лепче.