|
Лажните палачинки го воодушевија светот, а луѓето постојано коментираат колку се вкусни и дека неверојатно брзо се подготвуваат.
Однадвор се крцкави, а однатре се полни со кремаст фил. Всушност, лажните палачинки се идеален начин да го искористите вишокот леб, а еве како да ги направите.
Пресечете го лебот на кришки, развлечете го тенко, како тесто и отстранете ја кората. Премачкајте со путер и џем, крем или со што и да посакате, па свиткајте во ролна.
Ставете ги ролните во смеса од јајца, млеко и цимет и потоа испржете ги.
Полнењето може да биде и слатко и солено, а комбинациите се неограничени.