Лежалките одат со кафе, гирото колку во Скопје – што велат македонските туристи од Грција?

|

Македонските граѓани велат, задоволни се од цените, зошто очекувале поголеми поскапувања, имајќи предвид какви доживеале дома.

На Јонскиот брег работите останале исти. Покрај белиот песок и неверојатната сина боја на морето, пијачката во Врахос доаѓа со гратис лежалки. Фрапето чини 2.50 евра со шише вода.

На краците цената на кафето е меѓу 3 и 3.50 евра, но исто така на повеќето места не се плаќа за лежалки.

Гиро-питата се движи од 3.50 до 3.90 евра.