Сериозен скок на цените на храната. Отако Владата вчера одлучи да не ги продолжи превентивните мерки, граѓаните утринава се разбудија со нов ценовен шок. Во маркетите веќе се испорачани производи со повисоки цени. Поскапувањето кај лебот е во просек од 5 до 7 денари. Цената на маслото пак надмина 150 денари, поскапување има и кај брашното, шеќерот, млекото, месото и оризот, јајцата.
Стара цена Нова цена
Зејтин 135 – 147 /160
Брашно 55- 62
Шеќер 54 – 59
Леб 33 – 39/41
Млеко 50 – 60/70
Ориз 67 – 76
Граѓаните се жалат цените и претходно биле високи, а сега новиот скок ќе им нанесе сериозен удар врз семејниот буџет.
Зошто Владата не ги зголеми платите пензиите за да можат луѓето да купуваат, земаат по две морковчиња еден домат и една пиперка.
Нема продукција 30 години и ние само увезуваме и затоа цените ќе одат нагоре… не е рпоблем само зејтинот проблем се сите други работи.
Производителите на масло се надеваат дека пикот на цената е достигнат и дека нема да има нов скок.
Освен храната, сериозно поскапување од денска има и кај горивата. Нивната цена надмина 100 денари. Во трка да наточат гориво по пониска цена во текот на вчерашниот ден забележани беа огромни колони на бензиските станици низ целата држава.
Дел од експерската јавност сметааат дека Владата мора веднаш да интеревнира со некакви мерки за да ги заштити граѓаните, во спротивно сосотјбата ќе биде многу лоша.
Македонската влада ќе мора да преземе мерки за да се справи со инфлацијата во спторивно ќе се продлабочи сиромаштијата и продлабочување ан кризата и растот. Дефинитовно не е издржан аргуметото дека нема пари во буџетото, може не е во одлична форма но има доволно за да се задволат сите овие потреби, вели за Телма, економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ.
Вчера Влада одлучи да го врати ДДВ за основните производи на 5 отсто, но и повисоките маржи за трговците. Наместо 10 и ДДВ за горивата од денеска е повторно 18 отсто , а нема повеќе ниту пониска акциза. Овие мерки беа донесе во март како превенција од поскапување, но нивната важност истече, а од Владата се уште нема најава дали и какви нови мерки ќе бидат преземени.
Ирена Чачкова