|
Брзо и лесно направете го најмекиот леб досега, а тестото не мора да го месите.
СОСТОЈКИ: 4 јајца, 400 мл млеко, 180 гр брашно, 25 гр путер, 150 гр крем сирење и 9-10 маслинки.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Јајцата посолете ги и изматете ги, па додадете млеко и брашно и убаво соединете. Додадете растопен путер и измешајте. Ставете во плех обложен со хартија за печење, па израмнете. Печете на 180 степени околу 25 минути. Кога ќе се излади, намачкајте крем сирење и посипете со маслинки, па свиткајте.
Добар апетит!