Алфонсо Рибеиро е најпознат како Карлтон Бенкс од серијата „Принцот од Бел Ер“, а тој и неговата сопруга моментално уживаат на во Хрватска, од каде објави слики на Инстаграм.
Актерот Алфонсо Рибеиро се прослави во 90-тите со улогата на легендарниот Карлтон Бенкс во серијата „Принцот од Бел Ер“ и се уште активно глуми, а моментално ужива во Хрватска со сопругата Анџела.
И двајцата на својот Инстаграм објавија слики од Хрватска, прво од Сплит, а потоа и од Хвар, а не го криеја ентузијазмот за глетките, а расположението не им го расипа ниту тоа што багажот се уште не им пристигнал.
Пред да пристигне во Хрватска, Алфонсо сподели фотографии од нивните пасоши со зборовите: „Хрватска, доаѓаме“.
Интересно е тоа што Алфонсо, кој како Карлтон беше познат по своите танцови потези, учествуваше во 2014 година и победи во американската верзија на шоуто „Танц со ѕвездите“.
Тој е во брак со сопругата Анџела од 2012 година и е татко на четири деца.