Легенданиот Сашко Коцев на прошетка со ќерка си (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Актерот Сашко Коцев не е човек кој премногу сака да зборува за својо приватен живот и на социјалните мрежи ретко споделува приватни моменти. Токму поради тоа и фактот што неговата ќерка ретко ја покажува во јавноста најновата негова фотографија на Фејсбук ги разнежи неговите пријатели.

„Во пресрет на пролетта“, напиша актерот на сликата на која е на прошетка со својата ќерка, на едно детско игралиште.

Сашко ја запроси Смиљана пред шест години на сцената на „Златна Бубамара“, а неколку месеци подоцна стапија во брак. Коцев и неговата сопруга Смиљана, станаа родители на Јоана во октомври во 2017 година. Актерот тогаш славеше до рано наутро со своите пријатели во еден скопски ресторан.

Во последниве неколку седмици тој беше во центарот на вниманието на јавноста по уште едната совршено изведена „Златна бубамара на попиларноста“, манифестација која најмногу е позната токму по одличниот хумот на Сашко Коцев. Многумина искоментираа дека годинава тој се надмина себеси и ја остави публиката во солзи по одличните хумористични излагања на манифестацијата.